Јас сакам да полнам пиперки како мајка ми што ми кажувала, а го сакам и вкусот кој го дава Фант мешавината за полнење пиперки, па во моја комбинација ова вака изгледа…
Забелешка – Фант мешавината за сосот ја растварам во толку вода колку што ке оценам дека ми е потребно да го добијам саканиот сос, односно зависи колку ми останало во садот од пиперките, ако ми останало повеке , тогаш го растварам фантот во помалку вода, излијам над пиперките, го протресам садот и повторно вракам во рерната за кратко време за да се довари сосот. Многупати дури и не ми остане од течност многу.. па тогаш фантот го растворам во водата и го варам – и го служам посебно.
Полнети пиперки
By May 28, 2013
Published:Јас сакам да полнам пиперки како мајка ми што ми кажувала, а го сакам и …
Ingredients
- повеќе пиперки (број по ваш избор)
- 500 г мешано мелено месо
- 100 г ориз
- 1 мала главица кромид
- 1 лажичка микс зачинки со лук на Подравка
- 2/3 од содржината на фант мешавината за пиперки
- 50 мл вода (за Фант мешавината)
- 1/2 л вода (за заливање на пиперките)
- 2 домата (за затварање на пиперките)
- ракатка магданос
Instructions
1.На зејтин кратко време се пржи ситно сецканиот кромид, додадете месото и сето тоа заедно нека се пржи околу 5 мин. Додадете измиениот ориз и се заедно се пржи 2-3 мин. Тргнете настрана малку да олади.
2.Во млака вода растворете ја Фант мешавината, додете на месото и измешајте. Со вака спремената смеса за полнење, полнете ги исчистените пиперки. Затворете пиперките со исечено на круг парче патлиџан.
3. за полнење, полнете ги исчистените пиперки. Затворете пиперките со исечено на круг парче патлиџан. Залејте со водата во која малку сте ставиле вегета и сол и ставете во предходо загреана рерна на тивко нека крчкаат. Кога пиперките веке се готови залијте ги со преостаната мешавина од Фантот кој исто така сте го раствориле во млака вода, повторно вратете во рерната за да се довари сосот.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна