Уште еден прекрасен рецепт на нашата пријателка Лилјана, која секогаш не изненадува со нешто ново и необично…. Денеска спреми за нас пирошки полнети со месо… Имајте добар апетит!

Полнети пирошки со мелено месо - Бељаши

By Лилјана Илиева Published: June 1, 2013

    Уште еден прекрасен рецепт на нашата пријателка Лилјана, која секогаш не …

    Ingredients

    Instructions

    1. Полнети пирошки со мелено месо - Бељаши1.Растворете го квасецот во јогуртот и замесете тесто од брашното, солта, јајцето и оставите да стаса.
    2. Тесто и мео со Фант кесичка2.Измесето го меленото месо во кое сте го додале ренданиот кромид, веке спреманиот Фант за плескавици кој ке го растворите во малку повеке вода и затоа напишав 100 мл. а не како што е во упатството, доколку не ви е солено доосолете го, зачинето го и поделете го на мали топчиња - ќофтиња.
    3. Формирање на пирошките3.Стасаното тесто поделете го на еднаков број топчиња со еднаква големина колку што имате од месото, со раката сплескајте ја за да добиете коричка округла или со сукалка тоа направете го, ставете на средината едно топче и соберете ги рабовите на коричката околу месото истовремено фалтајки го. На средината ќе ви остане празнина.
    4. Пржење на пирошките4.Додека целото тоа вие сте го спремале, првите веке се стасани за пржење.
    5. Пржење на пирошките5.Пржете ги на тивок оган во малку поголема количина на зејтин - така што прво ќе ги поставите со отворот надоле, па потоа обрнете ги. Додека се пржат со лажица црпете помалку од зејтинот и ставајте во отворот - ова за да се испржи убаво месото и од внатре.