Италијанците обожаваат тестенини, Французите пецива, Германците колбаси, а пак ние Македонците зеленчук. Затоа еве еден феноменален рецепт со нашето национално богатство ПИПЕРКАТА :).
Полнети похувани пиперки
By October 15, 2015
Published:Италијанците обожаваат тестенини, Французите пецива, Германците …
Ingredients
- 10-15 средна големина зелени свежи пиперки
- 170 г павлака за готвење
- 250-300 г урда
- ким, сол, црн пипер
- 3 јајца
- 50 г брашно
- 250 г презла
- масло за готвење
Instructions
1.Измијте ги и исчистете ги пиперките. Долниот краен дел на пиперките отстранете го. Едната страна на пиперката пресечете ја надолж за да направите отвор.
2.Во сад измешајте ја павлаката, урдата и ставете ги зачините. Со оваа смеса наполнете ги пиперките.
3.Наполнетите пиперки извалкајте ги во брашно, јајце, презла па потоа повторно во јајце и презла. Постапката повторете ја со преостанатите пиперки.
4.Пржете ги пиперките неколку минути во загреано масло се додека не добијат златно кафена боја. Оставете ги на кујнска хартија за да се исцеди маснотијата и сервирајте ги топли. Добар апетит!