Знаеме дека треба да се избегнува пржена храна, тоа и често го правиме, но за некои работи едноставно нема исклучок. Особено кога станува збор за овие прженици со мелено месо кои се фантастични.
Полнети прженици со месо
By August 28, 2013
Published:Знаеме дека треба да се избегнува пржена храна, тоа и често го правиме, но …
Ingredients
- 500 г брашно
- 200 г јогурт
- 1 јајце
- 1 пакетче прашок за пециво
- 300 г мешано мелено месо
- 100 г кромид (ситно сечкан)
- малку сол, црн пипер
Instructions
1.Во сад, измешајте го мелено месо со ситно сечканиот кромид. Зачинете со сол и црн пипер.
2.Во друг сад, измешајте го тестото заедно со прашокот за пециво, ставете 1 лажичка сол, прстофат шеќер, јогурт и едно јајце.
3.Месете се додека не добиете фино, компактно тесто.
4.Тестото расукајте го тенко и со помош на чаша (или округла модла) вадете крукчиња.
5.Врз секое крукче ставете од меленото месо.
6.Краевите на тестото намачкајте ги со вода и секое крукче внимателно затворете го.
7.Пржете ги во загреано масло, од двете страни, се додека не добијат златно-кафена боја.
8.Ставете ги врз кујнска хартија за ја впие вишокот маснотија, па сервирајте ги. Добар апетит!