Еден од моите проверерни рецепти кој постојано го спремам, само што овојпат пробав со Фант и навистина сум задоволна од резултатот. Ми го скрати времето за подготовка, а излезе супер.

Полнети тиквички

By Ивона Серафимовска Published: June 10, 2013

    Еден од моите проверерни рецепти кој постојано го спремам, само што …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Првин се приготвуваат тиквичките. На тиквичките им се отстрануваат краевите, се делат на 2 или 3 дела (во зависност од нивната големината) и со лажичка, а најдобро со алатка наменета за таа цел, им се вади средината. Треба да се внимава да не се направи дупка на тиквичката оти ќе излегува филот. Средината од тиквичките не ја фрлајте, од нив може да се испржат вкусни ќофтиња чија основа е токму средината на тиквичките.
    2. 2.Во загреана тава се додава маслото и ситно исечканиот кромид и лук. Кратко се пржи и се додава меленото месо. Смесата се пржи со постојано мешање додека месото ја промени бојата, а потоа се додава ½ чаша бело вино. Смесата се остава на оган се дотогаш додека виното целосно испари но повремено смесата се меша.
    3. 3.Во меѓувреме, во поголема количина вода се става ½ лажичка сол и откако водата зоврела се додава оризот. Се остава 10-тина минути да се вари и откако е сварен се прецедува низ цедалка. Водата не ја исфрлајте, таа ќе ви треба понатаму.
    4. 4.Фантот го мешаме со малку вода и со него се зачинуваме испрженото месо, се става магдонос, се додава сварениот ориз и сето тоа добро се меша.
    5. 5.Се полнат со месната смеса и се редат во подлабоко тенџере (претходно проверете кое тенџере ќе го употребите, тиквичките треба да бидат наредени во еден ред и едни до други). Во тенџерето со тиквички се додава оризовата вода но водете сметка за солта што сте ја додале кога оризот се варел, дали можеби е премногу солена, ако е така тогаш не ја додавајте целата течност, а додајте вода. Од оваа вода сосот ќе добие густина. Во тенџерето треба да има толку вода колку да дојде до половината на тиквичките. Тенџерето се става на оган и се вари на тивок оган додека тиквичките омекнат.
    6. 6.Откако тие се сварени, тенџерето се трга настрана, внимателно се вадат сварените тиквички, а тенџерето повторно се враќа на огнот.
    7. 7.Настрана, во длабока чинија се ставаат двете жолчки, се додаваат 2 лажици оцет и се меша. Кон јајцата, внимателно, со постојано мешање се додаваа неколку големи лажици од врелиот сос во тенџерето, потоа, целата јајцана смеса од длабоката чинија се истура во тенџерето, постојано се меша за да не се згрудат жолчките и се вари додека сосот добие во густина. Ова трае неколку минути.
    8. 8.Откако сосот малку згуснал, во тенџерето се враќаат тиквичките и се спремни за сервирање. Добар апетит!