Искористете ја сезоната кога тиквичките имаат феноменален вкус за да направите евтино, вкусно и едноставно за приготвување предјадење. Оние кои внимаваат на линијата, ова предјадење слободно може да го сметаат и за главно јадење.

Полнети тиквички

By А.А.З. Published: September 21, 2015

    Искористете ја сезоната кога тиквичките имаат феноменален вкус за да …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.На малку масло, издинстајте ги исечканиот лук и кромид и додајте го меленото месо.
    2. 2.Откако месото ќе омекне, додајте ги исечканите домати, пиперки, пченката и зачинете со мајчина душица, сол и црн пипер.
    3. 3.На тиквичките со лажица отстранете го внатрешниот дел.
    4. 4.Со смеса, наполнете ги тиквичките и наредете ги во плех за печење кој е претходно премачкан со путер. Доколку ви остане смеса, слободно истурете ја преку тиквичките.
    5. 5.Во плехот, залијте ја супата за да го прекрие дното.
    6. 6.Печете околу 30 минути во загреана рерна.
    7. 7.Полнетите тиквички сервирајте ги исечкани на крукчиња.
    8. 8.Совршено одговара со чаша бело вино. Добар апетит.