Триаголници од готови кори наполнети со спанаќ и сирење. Нешто налик на домашна пита, која се спрема многу брзо, но и се јаде исто така. Предлог додаток – чаша јогурт или домашно кисело млеко. Добар апетит.

Полнети триаголници

By Тетка Биберче Published: March 4, 2013

  • Prep: 25 mins
  • Cook: 25 mins
  • Ready In: 50 mins

Триаголници од готови кори наполнети со спанаќ и сирење. Нешто налик на …

Ingredients

Instructions

  1. Подготвен фил1.На малку масло за готвење, запржете ги ситно сечканиот кромид и лук. Додадете го измиениот и исечкан спанаќ и пржете го се додека не омекне. Тргнете го настрана и додадете го ренданото сирење. Зачинете. Филот е подготвен.
  2. Пресечени кори2.На работна површина, ставете две кори и пресечете ги на правоаголници. Попрскајте ги малку со ладна вода и со малку масло за готвење.
  3. Завиткани триаголници3.Во основата на секој правоаголник, ставете малку повеќе од една лажица од филот. Завиткајте ги корите така да добиете триаголници.
  4. Премечкани со јајце кори4.Загрејте ја рерната на 190 степени. Подготвените триаголници намачкајте ги со изматено јајце.
  5. Триаголници со спанак сервиран5.Печете ги околу 25 минути или се додека не станат крцкави и не добијат златно кафена боја. Сервирајте ги веднаш.