Колоритна комбинација која ако до сега не ви текнало да ја правите ова е правиот момент за тоа. Вкусно здраво обрoче, кое се спрема многу брзо. Идеја со која можете да ги изненадите и вашите пријатели во некоја следна прилика кога ќе ги повикате на ручек.

Полнето пилешко со брокула

By А.А.З. Published: October 10, 2012

    Колоритна комбинација која ако до сега не ви текнало да ја правите ова е …

    Ingredients

    Instructions

    1. Сварена брокула1.Сварете ја брокулата во солена вода околу 5 минути. Исцедете ја и исплакнете ја со ладна вода.
    2. Исчукани пилешки гради2.Ставете ги пилешките гради помеѓу две фолии и исчукајте ги со кујнски чекан.
    3. Наполнето со сирење и брокула3.Секој стек намачкајте го со црвен пипер, посолете го и запиперете го. Ставете една исечкана зденка и неколку лажици брокула.
    4. Завиткани и боцнати со чечкалица4.Пилешкото завиткајте го како во ролна и краевите боцнете ги со чечкалица .
    5. Пилешко во тава5.Во тава, на огна, запржете ги неколку минути а потоа ставете ги во огноотпорен сад. Печете 30 минути во загреана рерна на 200 степени.