Пилешко за ручек-права класика. Но, зошто малку да не експериментирате и да му дадете посебен шмек и вкус на вашиот семеен оброк. Еве една идеја за подготовка на пилешко полнето со спанаќ. Здраво и сочно ручече без мана.
Полнето пилешко со спанаќ
By September 8, 2015
Published:Пилешко за ручек-права класика. Но, зошто малку да не експериментирате и …
Ingredients
- 500 гр пилешки гради
- 60 гр презла
- 60 гр пармезан
- 60 гр кисела павлака
- 100 гр младо сирење или рикота
- 250 гр спанаќ
- 200 гр кашкавал (или моцарела)
- 250 гр сос од домати
- сол, црн пипер
Instructions
1.Пилешките гради ги сечеме тенко и надолж за да добиеме доволно голема површина за полнење со зарзават. Спанаќот со бариме неколку минути и ситно го сечкаме.
2.Во пластичен сад ја мешаме презлата со пармезанот. Додека во друг пластичен сад ја мешаме кисела павлака со младото сирење и сечканиот спанаќ.
3.Врз секое парче пилешко месо ставаме 2 лажици од сместа со сирење, парчето месо го ролуваме и го валкаме во смесата со презла и пармезан. Истата постапка ја повторуваме и со останатите парчиња пилешко месо.
4.Похуваните полнети парчиња пилешко месо (притоа водејќи сметка да крајот на пилешкото месо биде одоздола) ги ставаме во тава за печење која претходно сме ја намачкале со путер и печеме во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути.
5.Кога пилешкото е готово, го вадиме од рерна, одозгора истураме од доматниот сос и рендан кашкавал и го враќаме во рерна уште неколку минути се додека сирењето не се растопи.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Средна