Мали слатки залачиња. Одлични да ги сервирате во голема чинија со домашен пијалок и да им ги понудите на вашите најблиски. Верувајте ќе посакаат да земат по некое и за дома.
Колачиња полу-пуслици
By August 14, 2013
Published:- Prep: 25 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 1 hr 10 mins
Мали слатки залачиња. Одлични да ги сервирате во голема чинија со домашен …
Ingredients
- 200 г путер (омекнат)
- 2 лажици шеќер
- 240 г брашно
- 2 јајца
- 2 лажици кисело млеко
- 1 лажичка сода бикарбона
- 2 белки (за пуслици)
- 6 лажици шеќер (за пуслици)
Instructions
1.Путерот изматете го заедно со двете лажици шеќер.
2.Во смесата додадете брашно, сода, јајца и две лажици кисело млеко. Добро измешајте.
3.Кога ќе добиете компактна смеса, од тестото формирајте топка, покријте ја со растеглива проѕирана фолија и оставете го тестото во фрижидер барем половина час.
4.Во меѓувреме, подгответе го шлагот од белки. Со миксер, изматете ги двете белки заедно со шеќерот. Матете околу 10 минути или се додека не добиете цврст шлаг.
5.Тесто расукајте го врз хартија за печење (за да не се залепи) во форма на правоаголник, со големи од отприлика 15 x 50 см.
6.Врз целата површина на тестото, намачкајте од шлагот.
7.Тестото завиткајте го во ролат.
8.Тестото исечете го на парчиња, префрлете ги во тава за печење, врз хартија за печење.
9.Печете во загреана рерна, на 180 степени, околу 13 до 17 минути. Испечени, оставете ги да се оладат и сервирајте ги.