Откако ги направивме овие колачиња кои се топат во уста, целата кујна ни мирисаше прекрасно. Блага арома на портокал кој ги буди сите сетила.  Многу едноставно се приготвуваат и се изворедни. Единствената мана е што брзо ги снема.


За подготовка на овој рецепт го користевме силиконскиот сад Roll cake mat на производителот Lekue изработен од 100 % платинум силикон. Побарајте го и купете го во продавницата на Карес.

Полумесечинки со вкус на портокал

By Тетка Биберче Published: March 25, 2014

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 10 mins
  • Ready In: 1 hr 15 mins

Откако ги направивме овие колачиња кои се топат во уста, целата кујна ни …

Ingredients

Instructions

  1. Тесто за полумесечинки1.Брашното измешајте го со маргаринот, оревите, шеќерот во прав, прашокот за пециво, ванилата и кората од портокал. Месете се додека не добиете хомогена смеса. Тестото завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го вофрижидер минимум 1 час.
  2. Исечено тесто на ситни парчиња2.Оладеното тесто, поделете го на 4 дела, ролувајте го во должина па секој дел поделете уште на 10-15 дела.
  3. Полумесечинки3.Од секое парче тесто направете топче а потоа ролувате и свиткајте го во форма на полумесечина.
  4. Наредени полумесечинки во тава за печење - силиконска4.Готовите полумесечинки нарадете ги во тава за печење обложена со хартија. Доколку користите силиконска тава на Lekue, нема потреба од хартија.
  5. Намачкани со жолта боја5.Печете на 180 степени, околу 10 до 12 минути внимавајќи да не потемнат. За подраматичен изглед, откако ќе се испечат намачкајте ги малку со жолта боја.
  6. Валкање во шеќер6.Додека се сеуште топли, извалкајте ги во шеќер измешан со кора од портокал. Но, долку ви се оладиле, премачкајте ги малку со стопен маргарин па извалкајте ги во шеќер.