Полжавчињата ни се секогаш инспирација, па често си ги правиме и тоа и во солена и во слатка варијанта. Овој пат пробавме нов фил со брусници и со мед – и навистина пријатно се изненадивме. Уживајте и вие во овие превкусни слатки залачиња!

Полжавчиња со брусници

By Гастронаутка Published: September 8, 2013

    Полжавчињата ни се секогаш инспирација, па често си ги правиме и тоа и во …

    Ingredients

    Instructions

    1. Фил од брусници1.Прво направете го филот. Ставете ги сувите и свежите брусници во тенџерче, додадете го медот, ренданата кора од портокал и циметот и ставете да се вари на умерена температура.
    2. 2.Кога ќе зоврие, варете уште 4-5 минути со мешање, додека свежите брусници не испукаат и станат меки. Оставете малку да се олади, а потоа испасирајте ја смесата во пире. Ако е премногу сува додадете малку вода и ставете ја во фрижидер додека не биде потребна (може да се направи до 2 дена пред користење).
    3. 3.За да го направите тестото, измешајте ги бршната, прашокот за пециво, содата, солта и циметот во длабок сад. Настрана измиксирајте го маслото, путерот, шеќерот, медот, јајцата, млекото, ренданата кора од портокал и ванилата. Мешајте додека смесата не се изедначи.
    4. 4.Потоа полека додавајте ги сувите состојки (брашно...) и мешајте постојано додека не добиете компактно тесто. Ако тестото е многу суво додадете уште лажица две млеко. Покријте го тестото со платична фолија и оставете го во фрижидер да отстои 1 час.
    5. 5.Поделете го тестото на два дела. Од секоја половина расукајте правоаголна кора со дебелина од околу 4-5 мм. Покријте ги корите со пластична фолија или хартија за печење и ставете ги во ладилник околу 15-20 минути додека не се стврднат.
    6. Намачкајте ги корите со фил6.Намачкајте ја секоја кора со филот и завиткајте ја во ролат, а потоа замрзнете ги двата ролати барем 3-4 часа, а најмногу до 2 месеци.
    7. Испечени полжавчиња7.Кога ќе сакате да ги печете, исечете ги ролатите на тркалца со дебелина од 7-8 мм, наредете ги на хартија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени, околу 12-15 минути додека не добијат жолтеникаво златна боја.