Дали сте расположени да замесиме нешто? Апни лапни полжавчиња со виршли кои освен што се превксуни изгледаат одлично на трпеза. Со додаток салата или ордевер имате потполно спремна гозба за пречекување гости.
Полжавчиња со виршли
By January 16, 2013
Published:- Prep: 45 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 60 mins
Дали сте расположени да замесиме нешто? Апни лапни полжавчиња со виршли …
Ingredients
- 500 г брашно
- 250 мл млеко
- 1 пакетче сув квасец
- 2 лажици шеќер
- 1 лажица сол
- 75 мл масло за готвење
- 1 јајце (за премачкување)
- малку сусам, чурек, крупна сол (за посипување)
Instructions
1.Во подлабок сад измешајте го брашното заедно со сувиот квасец, млекото, маслото за готвење, шеќер и солта.
2.Замесете мазно, меко тесто (ако ви недостасува течност, слободно додадете малку млака вода). Оставете го тестото да нарасне.
3.Кога тестото ќе се дуплира во волумен, поделете го на два идентични дела.
4.Секое топче расукајте го до дебелина од околу 3 мм и во форма на правоаголник.
5.На едниот крај од расуканото тесто, по должина, ставете две виршли и тестото свиткајте го во форма на ролат.
6.Ролатот, со помош на нож, сечете го на мали крукчиња со дебелина од 3 до 4 сантиметри.
7.Полжавчињата наредете ги во тавче врз хартија за печење, покријте ги со крпа и оставете ги да повторно пораснат (уште 30-40 минути).
8.Во меѓувреме загрејте ја рерната на 200 степени, измешајте ја жолчката (или цело јајце) и намачкајте ги полжавчињата непосредно пред печењето.
9.По желба, полжавчињата посипете ги со сусам, чурек, ким и/или сол.
10.Печете ги во загреана реран, околу 15 минути или се додека не добијат убава златна боја.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Средна