Портокалите имаат многу повеќе корисни влијанија отколку што можеби знаете. Тие му помагаат на вашето срце да чука во идеален ритам. Посебната кардио-заштита доаѓа од две состојки кои ги има во портокалот – хесперидин и нарингин. Истражувањата покажуваат дека овие две состојки можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања и инфаркти на тој начин што го подигнуваат нивото на добар холестерол, додека истовремено го намалуваат ризикот од повишен крвен притисок.

Портокалите помагаат и во борбата против изгореници од сонце. Кората на портокалот е полна со заштитниот фактор фитонутриент д-лимонена. Ако секоја недела изедете по една кора од портокал, многу можете да го намалите ризикот од рак на кожата. За уште подобар ефект, јадете го портокалот во комбинација со жежок црн чај.

Портокалите, лимоните и мандарините можат да ги успорат знаците на стареење. Витаминот Ц во портокалите може да ги неутрализира штетните работи (радикали) и да ги спречи да ги оштетат клетките. Група италијански научници утврдила дека луѓето кои пијат сок од портокал имаат многу помалку штетни радикали во организмот отколку луѓето кои пиеле витамин Ц во форма на апчиња или капсули.

И ако сето ова не е доволно, земете предвид дека портокалите можат да ви помогнат и да дишете полесно. Портокалите се богати со антиоксидантот бета-криптоксантин (пигмент кој на портокалите им дава сјајна боја). Истражувањата покажале дека оваа состојка помага кај заболувањата како рак на белите дробови, и е особена добра за пушачите.

Каѕавете ко да ги изберете портокалите?

Бирајте помали, поцврсти портокали, кои се чинат потешки отколку што навистина се. Овие портокали се обично најсочни и најслатки. Кога ќе го донесете дома купеното овошје, чувајте го на собна температура околу недела дена, или пак ставете ги во фрижидер, каде можат да стојат и до две недели, но не на премногу ниска температура.