Доколку сте љубители на благо, а верувам дека сте, оваа варијанта на торта можеби малку ќе ви изгледа чудно, но мора да ги земете во предвид неколкуте битни факти: хранлива, здрава, диетална и сепак вкусна. Добар апетит!
Портокалова торта со мед
By January 16, 2013
Published:Доколку сте љубители на благо, а верувам дека сте, оваа варијанта на торта …
Ingredients
- 100 г брашно
- 1 пакетче прашок за пециво
- 200 г мед
- 200 г бадеми (ситно сечкани или мелени)
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 200 г моркови (рендани)
- 4 јајца
- 1 лажица рум
- ½ лимон (исцеден сок и рендана кора)
Instructions
1.Во пластичен сад, со миксер, изматете ги жолчките и медот. Додадете ги ренданите моркови, мелените бадем како и 1 лажица рум, сок и рендана кора од лимон.
2.Откако се добро ќе измешате, додадете го брашното помешано со прашокот за пециво.
3.Во друг сад, повторно со миксер, добро изматете ги белките.
4.Двете смеси, со помош на лажица (никако миксер), измешајте ги за да добиете компактна смеса.
5.Модлата за печење намачкајте ја о со путер, а потоа посипете ја со. Истурете ја смесата во модлата. Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 40 минути.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна