Доколку сте мераклија на домашна пита, тогаш сигурни сме дека оваа посна пита ќе ви биде по мерак. Совршена за појадок, како додаток на вашата фамилијарна трпеза или едноставно јадење за цел ден….. Имајте добар апетит!
Посна пита со спанаќ и печурки
By March 21, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 40 mins
- Ready In: 1 hr 25 mins
Доколку сте мераклија на домашна пита, тогаш сигурни сме дека оваа посна …
Ingredients
- 400 г брашно (состојки за тесто)
- 200 г маргарин (состојки за тесто)
- 2 ½ лажички сол (состојки за тесто)
- 1 лажички прашок за пециво (состојки за тесто)
- 3 лажици растителна павлка (состојки за тесто)
- 4-5 лажици вода (состојки за тесто)
- 350 г спанаќ (исчистен)
- 350 г свежи шампињони Бонум (исчистени и пресечени на четвртина)
- 1 помала главица кромид (ситно исечкан)
- малку вегета, сол, црн пипер и оригано
Instructions
1.Во подлабок сад, изматете го маргаринот, додадете сол, брашно, прашокот за пециво, вода и растителна павлака. Доколку тестото е премногу тврдо, додадете уште малку вода. Со раце месете се додека не добиете убаво и компактно тесто. Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер да постои барем 30 минути.
2.На набрашнета површина, тестото расукајте го (или помеѓу две парчиња проѕирна фолија), во круг, со дебелина околу 3-4 мм.
3.Калапот за печење добро премачкајте го со масло за готвење и префрлете го тестото. Кората на тестото моделирајте ја по желба и со виљушка избоцкајте го тестото. Остатокот од тестото свиткајте го во фолија, ќе ви послужи за горната кора.
4.Подгответе го филот. На малку масло за готвење запржете ги печурките, зачинете по желба, па додадете го исчистениот спанаќ. Поклопете го садот, и оставете да се готви 5-7 минути.
5.Готовиот филот истурете врз тестото и ставете неколку лажици растителна павлака.
6.Остатокот од тестото исукајте го и ставете ги одозгора, врз филот и павлаката. Тестото намачкајте го со малку масло за готвење.
7.Печете ја питата на 180 степени, околу 40 до 45 минути или се додека не добие златеста боја. Оставете го малку да се олади и слободно навалете. Имајте добар апет!
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Средна