Ева ни раскажа дека во нејзиното семејство веќе не се купува леб… одлична замена се тортиљите кои се неверојатно вкусни, но и многу  здрави, поради семките во нив… Во период на пости, Ева ги филува со посна павлака, растителен кашкавал или урда, динстан грашок со кромид, сос од домати, морков, лукче и магдонос… или барена брокула со лукче и павлака, динстани печурки, свеж зеленчук, туна, тарама салата од икри и други комбинации…

Посни тортиљи со ленено семе и семки од сончоглед

By Ева Published: April 7, 2013

    Ева ни раскажа дека во нејзиното семејство веќе не се купува леб... …

    Ingredients

    Instructions

    1. Подготовка на тестото1.Се замесува квасецот со млаката вода,шеќерот, солта и 3-4 лажици брашно и се остава да стаса квасецот 20 мин.
    2. Тесто спремно за печење2.Откако ќе стаса квасецот се замесува тестото со сите состојки како се наведени по ред и се остава половина час да нарасне тестото.
    3. Печење на тортиљите3.Кога тестото ќе биде спремно се обликуваат 5 топчиња, и секое одделно се тегнат во облик на тортиља во плитка голема чинија претходно намастена со масло за готвење.
    4. Испечена тортиља4.Се пржат една по една во тава со нелеплива подлога, или уште подобро се печат во мини халогена рерна.
    5. Интегрални тортиљи5.Се филуваат по желба со павлака и пилешко пржено месо, со динстан грашок, со сирење, кашкавал…