Еден брз ручек или вечера. Њоките од компир одлично е секогаш да ги имате дома бидејќи брзо се спремаат, а може да се комбинираат со многу нешта како зеленчук, месо или со разни сосови.
За денес ви предлагаме њоки во сос од домати и моцарела.
Потпечени њоки
By June 19, 2016
Published:Еден брз ручек или вечера. Њоките од компир одлично е секогаш да ги имате …
Ingredients
- 500 гр њоки
- 200 гр моцарела
- 60 гр пармезан
- 450 мл сос од домати
- 1 лажица маслиново масло
- малку лук (исечкан)
- свеж босилок
- малку сол
Instructions
- 1.Подготовка на сос: Во подлабок сад за готвење ставете го сосот од домати заедно со маслиново масло, лук, босилок и малку сол. Гответе на тивок оган околу 20-тина минути. Во сосот додадете 150 грама моцарела и мешајте додека не се растопи.
- 2.Во меѓувреме сварете ги њоките според упатството на пакувањето, додајте ги во претходно зготвениот сос и нежно измешајте ги.
- 3.Целата смеса префрлете ја во плех за готвење (керамичка тава), одозгора наредете ја преостанатата моцарела и посипете со пармезан.
- 4.Печете во загреана рерна околу 10-тина минути.
- 5.Декорирајте со свеж босилок. Добар апетит!
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна