Вегетаријанско оброче за мерак. Потпечени печурки за оние кои не преферираат месо. Направете си некоја салатка по ваш вкус и тоа е тоа. Уживајте…
Потпечени печурки
By December 4, 2012
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 45 mins
Вегетаријанско оброче за мерак. Потпечени печурки за оние кои не …
Ingredients
- 250 г свежи печурки
- 30 г путер
- ½ главица кромид (ситно исечкан)
- 500 г павлака за готвење
- малку свежа мајчина душица
- 2 јајца
- 2 жолчки
- малку сол, црн пипер, црвен пипер
Instructions
1.Во тава, на оган, на малку путер запржете го неколку минути исечканиот кромид. Додадете ги исечканите печурки и пржете ги се додека не омекнат и не пуштат вода.
2.Во тавата додадете ја павлаката, гранче мајчина душичка, добро измешајте и оставете ги печурките на оган се додека павлаката не зоврие. Тргнете ја тавата од оган и оставете ја малку да се олади.
3.Јајцата и жолчките изматете ги со виљушка. Зачинете со црвен пипер, сол и црн пипер и двете смеси помешајте ги.
4.Вака подготвената смеса префрлете ја во помали огноотпорни садови и печете ја во загреана рерна на ниска температура (150 степени) околу 30 минути или се додека не фати корупка.
5.Сервирајте ги топли во комбинација со потпечено лепче.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна