Совршен летен десерт кој ќе ве воодушеви со својата овошна нота, но и со декоративниот изглед. Сладоледот и оладените праски ќе ви овозможат да се заблажите и да се оладите во исто време. Добар апетит!
Праски со пире од малини и сладолед
By June 24, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 45 mins
Совршен летен десерт кој ќе ве воодушеви со својата овошна нота, но и со …
Ingredients
- 6 средни праски (пресечени на половина, коската отстранета)
- 1 л ладна вода
- 370 мл бело вино (мускат)
- 140 г шеќер во прав
- 1/2 ќесичка ванилин шеќер
- 250 г малини
- 45 г шеќер во прав (за малините)
- 6 топки сладолед од ванила
Instructions
- 1.Ставете ја водата, виното, шеќерот во прав и ванилиниот шеќер во подлабоко тенџере и мешајте на ниска температура додека шеќерот не се растопи.
- 2.Тргнете го тенџерето од оган, оставете да се олади околу 15 минути, а потоа излупете ја кората од праските и фрлете ја.
- 3.Префрлете ги праските заедно со течноста во друг подлабок сад, покријте го со пластична фолија и оставете го во фрижидер да се лади барем 3 часа.
- 4.Ставете ги малините со 45 г шеќер во прав во блендер и мешајте додека не добиете пире. Процедете го низ фина цедалка, притискајќи постојано за да исцедите што е можно повеќе сок од малините.
- 5.Во подлабоки чинии ставете по една половина праска, посипете со малку од течноста и со пирето од малини и додадете една топка сладолед од страна.
- Cuisine: Десерт
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна