Др. Нела Деспотовска –
Доктор по општа медицина
и нутриционист во Виталиа


Целулитот претставува проблем, кој го засегнува секоја жена независно од возраста. Најважно е да се има правилен режим на исхрана, внес на течности и физичка активност.

Овошниот јогурт е богат со шеќери, односно 100 грама овошен јогурт содржи шест коцкички шеќер. Ве советуваме да ја намалите неговата консумација или да подготвите домашен јогурт со помалку калории.

Зачинета, масна и конзервирана храна како што се (паштетите, колбасите, сланината и саламите), газираните пијалоци, зачинетите супи и павлаката спаѓаат во намирници кои не треба да бидат вклучени во Вашата исхрана.

Најдобро нешто што можете да направите е наутро кога ќе станете да се напиете свежо цеден сок од овошје или да изедете едно парче свежо овошје.

За појадок одберете храна која на организмот ќе му ја обезбеди потребната енергија. Појадокот му дава на телото енергија за дневните активности, помага во функционирање на мозокот што е важно за намалување на телесната тежина.

За појадок Ви предлагаме да одберете мусли бидејќи претставуваат здрав и вкусен појадок богат со високо квалитетни протеини, го снабдуваат организмот со неопходните јагленохидрати и даваат енергија за активен ден. Можете да ги потопите со млеко или јогурт со најмала масленост. Пробајте ги  Slim Lajn муслите на Виталиа кои претставуваат мешавина од житни снегулки, 30% овошје, помалку калории и збогатени со  L Karnitin кој игра важна улога во контрола на телесната тежина.

Исто така Ви предлагаме оброк од овесна каша која е одлична за губење на килограмите бидејќи предизвикува долготрајно чувство на ситост, брзо ги разградува мастите, јагленохидратите и холестеролот.

За ужина предлагаме едно парче овошје или житни плочки (барсови) и тоа слим бјути бар кој претставува микс на интегрални жита, кајсии и сливи прелиени со јогурт, збогатени со коензим  Q10 и L karnitin.

За ручек комзумирајте леб од интегрално брашно, супа од зеленчук, свежа салата како и протеинска храна во вид на динстано бело месо, соја шницли и топчиња, печурки или риба во комбинација со варен зеленчук.

Исто така за ручек Ви предлагаме да конзумирате спирулина како замена за месо бидејќи содржи дури 65% на протеини вклучувајќи ги сите есенцијални аминокиселини во идеален сооднос. Покрај протеини, железото содржано во спирулината двојно повеќе се апсорбира и помага истовремено за подобрување на крвната слика. Таа е идеална храна која го подхранува, му дава енергија, го прочистува организмот на природен начин и придонесува за намалувањ ена телесната тежина. Ви препорачуваме 15 таблети дневно.

За вечера одберете лесна храна како житни снегулки (корнфлекс) потопени со соино или оризово млеко од палетата на Виталиа или свежа салата прелиена со ладноцедено маслиново масло и микс од мелени семиња (лен, сончоглед, тиква и сусам).

Покрај вода Виталиа Ви го препорачува чајот Слим Фит кој e совршена комбинација од природни билки зелен чај, лушпи и семе од шипка, лимон, јаболково комиње. Изобилува со биофлавоноиди и витамин Ц, го регулира хормоналниот систем, го спречува негативното дејство на слободните радикали. Се користи при диети за намалување на телесната тежина кога е препорачливо да се пијат многу течности при што чаевите имаат значајно место.

Во Вашата исхрана против целулит потребно е да бидат застапени три состојки а тоа се: сулфур, калиум и витамин Ц. Сулфурот ги одстранува штетните материи кои навлегуваат во организмот преку несоодветната исхрана, а го има во: месото, јајцата, млекото, сирењето и рибата. Калиумот е одличен одстранувач на вишокот течности во организмот, а се наоѓа во: млекото, овошјето, овесните снегулки, доматите и компирите. Додека витаминот Ц го зголемува производството на колаген и спречува таложење на масти во клетките на ткивото. Овие три состојки заедно се содржат во магдонос, кромид, лук, зелје, свежо и сушено овошје.

Исто така потребно е да ги избегнувате слатките, пржената храна, белото брашно и белиот шеќер.

Да бидете поздрави не значи само да се храните поздраво туку и да бидете физички активни. Регуларната физичка активност е значајна за целокупното здравје и виталност но исто така помага и во контролата на телесната тежина – балансирање на калориите шти ги внесувате како храна со калориите кои ги трошите секојдневно

За сите дополнителни прашања слободно контактирајте не на нашата е-маил адреса или на телефонскиот број 02 3 217 177.

Истовремено Ве покануваме да ги следите новитетите на Виталиа на нашиот facebook профил Vitalia Healthy Food како и на нашата веб страна www.vitalia.com.mk.