Др. Нела Деспотовска –
Доктор по општа медицина
и нутриционист во Виталиа


Високиот крвен притисок (хипертензија) е многу честа здравствена состојба која може дополнително да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар па дури и проблеми со бубрезите.

За лицата со зголемен крвен притисок потребно е да се намали внесувањето на кофеин преку кафе или други пијалоци. Како замена за кафето Ви го препорачуваме биокафето кој е природен напиток од растително потекло, безкофеинска замена за обичното кафе. Содржи добро избалансирана комбинација на интегрални жита, мешунки и цикорија, кои го подобруваат метаболизмот. Цикоријата посебно се истакнува како лековита билка која ја помага работата на црниот дроб а со тоа и на целокупната детоксификација. Со негово консумирање ја избегнувате можноста од раздразнување на желудникот, појава на срцебиење, вознемиреност и несоница. Всушност, биокафето ќе Ви помогне да ја намалите нервозата и раздразливоста, да го подобрите помнењето и да ја одржите неопходната свежина во текот на денот.

Од палетата на Виталиа Ви ги препорачуваме следните производи:

Ладно цедено масло од лен 250мл – се одликува со голема хранливост и лековитост. Ленот е најдобар растителен извор на омега 3 масните киселини. Содржи антиоксиданси и корисни диетални влакна. Го намалува холестеролот, помага во превенција од срцеви заболувања и дијабетес.

Овес – уште еден производ кој може да ви помогне во намалувањето на крвниот притисок. Овесот во интегрален облик како што се овесните снегулки помагаат бидејќи содржат бета глукани – делумно растворливи влакна кои делуваат на намалување на апсорпцијата и создавањето на холестеролот, така што повеќе холстерол се одстранува од крвта.

Соја – претставува најконцентриран растителен продукт кој во себе содржи протеини, витамини, минерали како и лецитин што е од посебна важност за работата на човековиот организам. Поради богатството на незаситени масни киселини го намалува нивото на лошиот холестерол (ЛДЛ) а го зголемува нивото на добриот холестерол (ХДЛ). Соини производи кои го имаат овој ефект се: соино зрно, соини трошки, шницли и топчиња, соино брашно, соини паштети и соино млеко во прав.

мелени семиња претставуваат извонредна балансирана мешавина од 4 мелени семиња (10% тиква, 20% сончоглед, 40% лен и 30% сусам)

Се употребуваат за намалување на холестеролот – богатствотото на омега 3 и омега 6 масни киселини го намалуваат лошиот холестерол во крвта а со тоа помагаат и во превенција од срцеви заболувања. Семките на Виталиа се употребуваат самостојно 2 супени лажици потопени во млеко или јогурт или додадени во оброк од житни снегулки или мусли.

Семето од чиа е најбогат природен извор на Омега 3 масни киселини (дури 30%), Омега 6 масни киселини (10%), протеини и антиоксиданти. Исто така семето до чиа е одличен извор на фосфор, манган, калциум, цинк а содржи и висок процент на диетални влакна.

Поради богата нутритивна вредност со внесување на семето од чиа во секојдневната исхраната ќе почуствувате низа бенефити: зголемено ниво на енергија и подобрено расположение, богатството од Омега -3 масни киселини влијае на намалување на високиот крвен притисок и намалување на холестеролот во крвта, Семето од чиа многу едноставно може да го внесете во вашето секојдневно мени како здрав додаток во напитоци, салати, тестенини, супи, десерти, мусли и останати комбинации. Нема да го промени вкусот на јадењето, туку само ќе ја подобри нутритивната вредност на истото. Дневна препорачана доза е 5 гр.(1 супена лажица).

Житариците се основна храна бидејќи се еден од главните извори на јагленихидрати во исхраната, што значи имаат висока енергетска вредност. Покрај тоа содржат и белковини, минерални соли и витамини. Хранливите состојки на житариците ги има во зрното (лушпата и никулците), додека во јадрото е најголемата количина на скроб.

Интегралните житарици ( овесни, ржени, пченични, јачменови) претставуваат богат изор на природни шеќери и витамин, посебно од Б комплексот, витаминот Е како и растителни влакна кои ја подобруваат  перисталтиката на цревата, го регулираат пореметениот метаболизам на масти и шеќери што се манифстира со пораст на холестеролот, триглицеридите и шеќерот во крвта. Снегулките од житарици можете да ги подготвите како еден многу лесен оброк кој ќе Ви даде свежина и сила. Можете да ги потопите со чај, сок или соино млеко.

Дополнително можете да конзумирате Рогач (Ceratonia siliqua) кој содржи богатство од хранливи материи како: јагленохидрати, протеини, витамини (А, Б, Д) и минерали (калциум, калиум, фосфор, магнезиум). Има сладок вкус и ароматичен мирис, па затоа се користи како замена за какао при подготовка на торти и колачи. Исто така може да го замени и кафето. Луѓето кај кои кофеинот предизвикува различни тегоби како што се вознемиреност, тахикардија и висок притисок би било добро наместо кафе да пијат топол напиток од рогач.

Промените во начинот на живот и исхраната можат значително да придонесат за подобрување на состојбата. Консумирајте банани бидејќи се богат извор на калиум кој е особено важен за лицата кои страдаат од висок крвен притисок, намалете го внесувањето на сол, одржувајте ја вашата телесна тежина во нормала бидејќи зголемувањето на телесната тежина е поврзан со зголемување на крвниот притисок, практикувајте 30 минути да вежбате во текот на денот и тоа во согласност со Вашите можности можете да изберете пешачење, возење велосипед, трчање, пливање или аеробикнамалете го стресот преку одредени техники за длабоко дишење и физичка активност кои се одлична можност за намалување на напнатоста и вознемиреноста. Дополнително треба да земате додатоци од калциум и магнезиум и да конзумирате храна богата со растителни влакна како и овошје и зеленчук.