Бидејќи фамилијарно обожаваме пити постојано сме во потрага по нови рецепти. Овој е стар добро проверен начин на подготовка на пита со мелено месо, кој е многу едноставен, а резултатот е совршен. Затоа фаќајте се за работа и правете ја оваа прелиена пита која многу ќе ви се допадне.

Прелиена пита

By Мигусто Published: April 29, 2014

    Бидејќи фамилијарно обожаваме пити постојано сме во потрага по нови …

    Ingredients

    Instructions

    1. Подготвено месо1.Кромидот ситно исечкајте го и издинстајте го на малку масло. Додатете го меленото месо, зачинете со малку сол и црн пипер. Ставете го сосот од домати и динстајте околу 20 минути.
    2. Пресечени кори2.Свежите кори за пита скројте ги спрема тавчето за печење. Ние ги исековме на пола. Тавчето за печење премачкајте го со малку масло.
    3. Филување на кори3.Ставете три кори и започнете со филувањето. Ние ставивме отприлика по две лажици. Одозгора потоа ставете три кори и повторно фил. Повторете ја оваа постапка се додека корите не ви се потрошат. Внимавајте на последната кора не се става фил.
    4. Прелив за корите4.Загрејте ја рерната на 200 степени. Во сад изматете јајца, додадете масло, сол, кисело млеко и вода. Добро изматете.
    5. Сечење на корите5.Нареденета пита пресечете ја на коцки.
    6. Прелиени кори6.Прелијте ја со подготвениот прелив. Со виљушка секое парче малку разделете го за да преливот добро упие. Оставете ја питата околку 15 минути да го впие преливот.
    7. Пита со месо7.Печете ја питата во загрена рерна околку 4о минути. Оставете ја да се олади, а потоа исечете ја на коцки.