Нема ништо подобро од домашно приготвени принцес крофни. Толку вкусни што секој сака репете и уште некоја плус. Овој рецепт е на Наташа која не престанува да не изненадува со одлични рецепти. Добар апетит.
Принцес крофни
By October 26, 2013
Published:- Prep: 25 mins
- Cook: 25 mins
- Ready In: 50 mins
Нема ништо подобро од домашно приготвени принцес крофни. Толку вкусни …
Ingredients
- 125 г маргарин (тесто за крофни)
- 250 мл вода (тесто за крофни)
- 125 г брашно (тесто за крофни)
- 4 јајца (тесто за крофни)
- прстофат сол (тесто за крофни)
- 1 кесичка пудинг од ванила (состојки за крем)
- 500 мл млеко (состојки за крем)
- 4 лажици шеќер (состојки за крем)
- 250 г маргарин (состојки за крем)
Instructions
- 1.Маргаринот заедно со водаата и солта, растопето го во сад на умерена температура.
- 2.Додадете го брашното и добро измешајте, тргнете го садот од рингла.
- 3.Оставете го тестото да се олади. На оладено тесто со постојано мешање додадете ги изматените јајца и убаво измешајте.
- 4.Готварскиот шприц наполнете го со тестото и на плех обложен со хартија за печење сипете тесто. Водете сметка помеѓу крофните да има доволно простор.
- 5.Печете ги крофните во загреана рерна на 200 степени околу 10 минути. Потоа намалете ја температурата и печете уште 5 минути.
- 6.Оставете ги да се оладат испечените крофни, исечете ги на половина крофните и со готварски шприц наполнете ги крофните со крем.
- 7.Пудингот измешајте го со 100 мл. млеко, добро изматете и додадете ги во сад со шеќер и преостанато млеко. Варете уште 5 минути.
- 8.Сварениот пудинг оставете го да се олади, но од време на време измешајте го да не се прави коричка на површината.
- 9.Маргаринот растопете го и потоа заедно со пудингот изматете го. По желба преку кремот, можете да ставите и претходно изматен шлаг, кој ќе го ставите во готварски шприц.
- Cuisine: Десерт
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна