Овој нов светски кулинарски тренд е познат под поимот молекуларна гастрономија. Станува збор за примена на нови техники при приготвување на храната, со главен акцент ставeн на познавање на хемијата како наука, со чија помош можат да се иновираат нови вкусови.

Шефот повеќе не е само обичен кувар, туку е многу повеќе од тоа. Модерен алхемичар кој прави чуда. Користи епрувети, адитиви,  и подготвува мени кои вреди мало богаство. Спецификата на овој тип на гастрономија е еден од адутите зошто треба да пробате нешто вакво, особено ако сте расположени да експериментирате и се разбира имате пари да си го дозволите тоа.

Оние кои пак се мерaклии за готвење, немаат доволно пари за ова несекојдневно искуство, а имале петка по хемија, еве еден интересен прибор кој ќе ви помогне да ги покажете вашите способности. Со помош на R-Evolution кутијата дело на канадската  компанија Molecule – R можете самите во домашни услови да експериментирате со молекуларната гастрономија.

Приборот чини 60 долари, а во него ќе најдете 50 различни типови адитиви, основен хемиски прибор и дивиди со 50 рецепти. Ако решите да си го нарачате, со малку труд ќе направите шпагети од чоколадо, пена од лимон, цацики топчиња, кавијар од цвекло. Звучи интересно нели?

www.molecule-r.com