Можеби на прв поглед мислите дека е се во ред, но оние мали ситни засеци на кујнската даска се вистинско место за разно разни бактерии кои можат да направат сериозни проблеми. Со оглед на тоа што ова кујнско помагало се користи многу често, потребно е да се преземат вистински мерки да се заштитите од несакани инфекции. Обичното миење, верувајте не им може ништо на бактериите. Ви треба нешто поефикасно на природна база, кое ќе ве чини многу поевтино од било средство за дезинфекција кое може да се купи во маркет.

Сода бикарбона
Евтино, крајно ефикасно средство кое освен што можете да го користите како освежувач на воздух, одлично ќе ви заврши работа во борбата со скриените микроорганизми на вашата кујнска даска. Направете едноставен раствор од вода во кој ќе ставите една лажичка сода и сол. Со оваа течност изрибајте ја даската, а потоа измијте ја со топла вода.

Лимон
Ако даската покрај тоа што ви делува прилично валкано, почнува да шири непријатна миризба, тогаш е време е да употребите лимон. Даската прво наросете ја со сол и со половина парче лимон убаво исчистете ја. Како замена можете да користите и лимонов сок кој откако ќе го оставите  дестина минути на даската. тој ќе делува како природен абразив.

Оцет
Малку оцет ќе направи вистинско чудо. Водата обично им штети на дрвените даски, па затоа најдобро е после секој употреба веднаш да ја дезинфицирате со оцет. Попрскајте оцет оставете да одстои 15 минути и поминете со влажна крпа. Ако сакате и да мириса поубаво тогаш направете комбинација додавајќи и малку сода.