Маска за пилинг на лице:  Измешајте 1 супена лажица пченкарно брашно и едно кафено лажиче кисело млеко. Ако е потребно, додадете кисело млеко или брашно и мешајте додека не добиете густа, хомогенизирана смеса. Нанесете ја маската на чисто лице и оставете ја да отстои околу 30 минути. Исплакнете го лицето прво со млака, а потоа и со ладна вода.

Маска против бори:  Две лажици мед и една белка од свежо јајце измешајте ги во густа каша и нанесете ја на добро исчистено лице. Оставете ја да постои околу 30 минути, а потоа исплакнете го лицето најпрво со топла, а потоа и со ладна вода. Внимавајте, оваа маска не смее да се употребува премногу често (најдобро е еднаш месечно).

Маска за нечиста кожа: Растворете 1 свеж квасец во 1-3 супени лажици млако млеко. Намачкајте го лицето и оставете ја маската да се исуши. Потоа исплакнете ја прво со топла, а потоа и со ладна вода. Со редовна употреба на оваа маска, тенот станува значително почист.

Маска за освежување на кожата: Изрендајте една свежа краставица. Ако имате сува кожа, во краставицата додајте малку маслиново масло, а ако кожата ви е мрсна, тогаш во краставицата додадете една лажица кисело млеко. Нанесете ја маската на лицето, оставете ја да делува околу 15 до 20 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Маска за сите типови на кожа: Изгмечете една банана и нанасете ја на лицето. Оставете ја да делува 20 до 30 минути, а потоа исплакнете ја со изладен чај од камилица. Оваа маска може да се применува еднаш до два пати неделно.