Фантастични домашни еклерчиња кои наместо со класичен ванила фил, решивме да ги наполниме со ванила сладолед. Добивме десерт подеднаков добар како да сме го правеле по оригинален рецепт. Мјамииии!
Профитероли со сладолед
By August 30, 2012
Published:- Prep: 25 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 40 mins
Фантастични домашни еклерчиња кои наместо со класичен ванила фил, …
Ingredients
- 340 г брашно
- 250 г путер
- 550 мл вода
- 12 средни јајца (за тестото)
- 1/4 лажичка сол
- 1/4 лажичка шеќер
- 1 јајце (жолчка за премачкување)
- чоколаден прелив
- ванила сладолед
Instructions
1.Во сад за готвење ставете го путерот заедно со шеќерот, солта и водата. Оставете го да зоврие. Тргнете го садот од оган и ставете го брашното. Повторно вратете го на оган и постојано мешајте додека тестото не почне да се одлепува од краевите.
2.Тргнете го од оган. Додавајте едно по едно јаце со постојано мешање. Тестото треба да стане меко и компактно.
3.Загрејте ја рерната на 220 степени. Плехот обложете го со хартија за печење. Со готварски шприц направете кружни формички. Пред печење премачкајте ги со жолчка.
4.На 220 степени печете 15 минути. Потоа на температура од 180 степени печете уште 10 минути се додека не добијат златно-кафена боја. Пресечете ги на половина, во средина ставете топка сладолед од ванила. Прелијте со чоколаден прелив. Бон апетит.