Ова е еден од ретките рецепти на мајка ми кој со тек на време не претрпе никакви модификации. Ем вкусно, ем здраво, ем декоративно…. Иако постојат многу варијации на тема „Проја“, сепак оваа со спанаќ и сирење е права класика…

Проја со спанаќ и сирење

By А.А.З. Published: February 10, 2014

    Ова е еден од ретките рецепти на мајка ми кој со тек на време не претрпе …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Спанаќот сварете го и ситно исечкајте го. Во пластичен сад изматете ги јајцата и додадете го маслото и јогуртот.
    2. 2.Во друг сад, брашното измешајте го со пченкарното брашно, прашокот за печиво и солта. Во смесата додадете ги изматените јајца и се мешајте се додека сè убаво не се соедини. Откако ќе се соедини, се додава сирењето (ситно издробено) и спанаќот и полека се промешува со виљушка.
    3. 3.Смесата се пече во калапи за проја или тава на која претходно сте ставиле хартија за печење (или сте премачкале со маргарин). По желба посипете со сусам и печете на 200 степени додека не зарумени, околу 25 минути.