Лилјана повторно ја збогати нашата колекција на рецепти со нејзината верзија на полнет пролетен зеленчук. Се што досега сме пробале од нејзините креации било ФАНТастично, па сме повеќе од сигурни дека и овој рецепт влегува во групата на супер вкусни јадења кои ја збогатуваат трпезата во секој дом. Браво Лилјана!

Пролетен зеленчук

By Лилјана Илиева Published: June 17, 2013

    Лилјана повторно ја збогати нашата колекција на рецепти со нејзината …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Се запржува кратко кромидот на веке загреан зејтин, се додава оризот - сосема кратко се запржува по што се додава меленото месо, сето тоа заедно се меша.
    2. 2.Се зачинува. се додава 2 лажици Фант за полнети пиперки и сарми кој сте го раствориле во вода... измешајте, овкусете по ваш вкус со вегета, црниот пипер и сол.
    3. 3.Издлабете ги пиперките, тиквичките исечете на 2-3 парчоња - издлабете ги, доматите излдабете ги - полнете со добиениот фил, - затворете ги, наредете во тавче, подлијте со малку вода и на тивко крчкаат во рерната.
    4. 4.Пред крај на самото печење - растворете го остатокот од Фантот во 250 мл. вода, додајте го миксот од мелениот зеленчук за супа, додадете го околу полнетиот зеленчук - вратете во рерната и нека се подпекува уште 10-тина минути.