Ви текнува ли на муабетот – мало, мало ама техничарче? Е па навистина е така! И да ви кажам право, одамна ништо не ме израдувало толку како оваа прскалка за лимони! Мало, мало, ама не да врши работа, што да ви кажам. Додуша, за мене се што придонесува за правење на помалку лом во кујната е идеално, па така и ова.

Значи, чиста работа! Кога сакаш да си исцедиш малку лимон, не мора да си ги замачкаш цели раце (да не спомннувам бркање на семките после тоа) кога цедиш рачно, не мора да извалкаш барем два сада (она за цедење и она за собирање на сокот), не мора да валкаш нож, ниту пак даска. Само ќе ја боцнеш прскалкава во лимонот и свршена работа! Дефинитивно, повеќе од прекрасно!!! П.С. веднаш нарачувајте, ова е нешто што едноставно не смее да се пропушти!