Мали пржени штрудлички полни со мармалад. Ви треба ли колаче со кафето? Тогаш ова е идеaлниот додаток. Јас често ги приготвувам, сега на вас е редот. Добар апетит.

Пржена штрудла

By Тетка Биберче Published: April 4, 2013

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 15 mins
  • Ready In: 60 mins

Мали пржени штрудлички полни со мармалад. Ви треба ли колаче со кафето? …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Во сад измешајте го брашното заедно со јајцата, шеќерот и 75 мл вода. Мешајте се додека смесата добро не се соедини, а потоа додајте го претходно стопениот путер. Замесете мазно, фино и хомогено тесто и оставете го да отстои барем 30 минути.
  2. 2.Откако ќе отстои, на набрашнета површина, расукајте го тесто и со помош на нож исечете го на ленти со ширина од околу 10 сантиметри. Во средината на секоја лента, со помош на мала лажичка, ставајте по една лажичка од мармаладот, на растојание од околу 5 сантиметри и преклопете ја лентата на половина.
  3. 3.Со помош на ребресто ноже за тестенини исечете ги лентите на коцки.
  4. 4.Пржете ги во загреано масло, наредете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот маснотија и попрскајте ги со шеќер во прав.