Одлично мезе за прави гурмани или пак ручек за оние кои не милуваат преобилно да јадат. Како и да е, и едните и другите ќе бидат повеќе од задоволни. Добар апетит.

Пржени кнедли од компир и месо

By Тетка Биберче Published: January 5, 2013

  • Prep: 35 mins
  • Cook: 15 mins
  • Ready In: 50 mins

Одлично мезе за прави гурмани или пак ручек за оние кои не милуваат …

Ingredients

Instructions

  1. Исечкан компир1.Компирите измијте ги, излупете ги, исечкајте ги на ситни парченца и сварете ги.
  2. Спремно пире2.Со помош на виљушка, изгмечете ги, зачинете ги со сол и црн пипер и додадете го путерот. Измешајте и оставете ги да се оладат. Во оладеното пире од компир ставете едно јајце.
  3. Подготвено месо3.На малку масло за готвење, запржете го кромитчето, па потоа додадете мелено месо. Зачинете по желба (сол, црн и црвен пипер) и додадете лажичка суво лукче. Смесата тргнете ја да се олади и ставете рендан кашкавал.
  4. Формирање на кнедлите4.Формирајте ја кнедлата. Земете 1-2 лажици од пирето, во средина ставете од меленото месо па повторно земете од пирето. Со раце формирајте топче.
  5. Испржена кнедла5.Кнедлите пржете ги на загреано масло неколку минути. Испржени, оставете ги на кујнска хартија добро да се исцедат. Послужете ги свежа салатка. Бон апетит.