Немате идеја што да направите денес за предјадење? Што викате за пржени топчиња од морков! Супер брза за подготовка и вкусна закуска таман да ве засити до главниот оброк.

Пржени топчиња од морков

By Тетка Биберче Published: September 27, 2013

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 35 mins
  • Ready In: 45 mins

Немате идеја што да направите денес за предјадење? Што викате за пржени …

Ingredients

Instructions

  1. Морков1.Морковот измијте го, излупете го, исечкајте го и варете го заедно со путерот се додека не омекне. Сварениот морков, во блендер, испасирајте го.
  2. Топчиња спремни за пржење2.Во пластичен сад, измешајте 1 јајце заедно 100 г лебни трошки, пармезан, сол и црн пипер. Додадете го испасираниот морков и добро измешајте. Кашкавалот исечкајте го на коцки, д смесата формирајте топчиња и во средината на секое топче ставете парче кашкавал.
  3. Топче пресечено на пола3.Секое топче извалкајте го во брашно, јајца и лебни трошки а потоа повторно во јајца и лебни трошки. Пржете ги во загреани масло за готвење се додека презлата не добие златно кафена боја. Оставете ги на кујнска хартија за да се исцеди маснотијата и сервирајте ги топли. Добар апетит!