Одамна не сме си ги направиле овие прженици, иако се дефинитивно во листата на омилените. А да знаете само како добро одат со мавровско овчо сиренце и домашно ајварче (сезона 2012/2013 се разбира 🙂 )…
Прженици
By January 24, 2013
Published:- Prep: 40 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 60 mins
Одамна не сме си ги направиле овие прженици, иако се дефинитивно во …
Ingredients
- 500 г бело брашно
- 150 мл топла вода
- 100 мл млеко
- 0,5 свеж квасец (20 г)
- 1 кафена лажичка сол
- 1 јајце
- масло за пржење (по потреба)
Instructions
1.Измешајте ги добро сите состојки за да добиете меко тесто што ќе ви се лепи на рацете (ако е потребно додадете малку вода).
2.Оставете го тестото на топло (ја знаете ли финтата со рерна вклучена на 50 степени?) да порасне додека барем двојно не му се зголеми волуменот.
3.Во подлабоко тавче добро загрејте го маслото, а потоа со лажица спуштајте мали топчиња да се пржат.
4.Пржете ги околу 1-2 минути од едната страна и уште толку од другата, а потоа извадете ги врз салфетка или кујнска хартија за да се упие вишокот маснотија.
5.На крајот, послужете ги додека се уште топли во комбинација со сиренце, кашкавал, ајвар, или било што други што ви се наоѓа по дома. Пријатно!
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна