Бисквити е секогаш згодно да имате по дома. Дали со нив ќе ги послужите гостите и нивните деца или ќе ви се најдат на вас со кафе или чај не е важно. Направете поголема доза, ставете ги бисквитите во убава тегла и постојано ќе имате десерт на дофат на вашите раце.
Пудинг бисквит
By August 29, 2013
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 10 mins
- Ready In: 50 mins
Бисквити е секогаш згодно да имате по дома. Дали со нив ќе ги послужите …
Ingredients
- 125 г путер
- 50 г шеќер во прав
- 50 г чоколаден пудинг (во прав)
- 125 г брашно
Instructions
- 1.Со миксер, изматете го путерот, додадете го шеќерот, чоколадниот пудинг и брашното.
- 2.Со раце, месете се додека не добиете фина, мазна смеса.
- 3.Од тестото формирајте тенок ролат и завиткајте го со проѕирна фолија.
- 4.Подготвеното тесто ставете го во ладнилник барем половина час.
- 5.Сечете го на тенки парчиња. Наредете ги парчињата врз хартија за печење.
- 6.Печете ги на 180 степени, околу 7-10 минути, внимавајќи да не изгорат (да не ја променат бојата).
- 7.Веднаш тргнете ги од тавата за печење, оставете ги да се оладат и послужете ги.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна