Чоколаден пудинг, готови кори и за час имате супер десерт. Кремаста пудинг штрудла која ќе ве воодушеви со својот вкус. Топ Мигусто препорака за сите сладокусци.
Пудинг штрудла
By August 1, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 40 mins
Чоколаден пудинг, готови кори и за час имате супер десерт. Кремаста …
Ingredients
- 1 пудинг од чоколадо
- 350 мл млеко (за подготовка на пудингот)
- 1 лажица шеќер (за подготовка на пудингот)
- 4 готови кори за баница
- 1 јајца (за фил)
- 1-2 лажици шеќер (за фил)
- 50 мл масло за готвење (за фил)
- 50 мл јогурт (за фил)
- 40 г гриз (за фил)
- 1/2 пакетче прашок за пециво (за фил)
- 1 кесичка ванилин шеќер (за фил)
- малку шеќер во прав (за посипување)
Instructions
1.Пудингот подгответе го според упатството на кесичката. Но, со мала измена, место 500 мл млеко користете 350 мл и една лажица шеќер.
2.Белката изматете ја со мискер, додадете го шеќерот. Откако добро ќе се измати, додадете ја жолчката, маслото, јогуртот и гризот измешан со прашокот за пециво.
3.Врз првата кора ставете 1/3 лажици од филот со јајце и со лажица распоредете го подеднакво по површината на кората.
4.Одозгора ставете уште една кора.
5.И оваа кора, како и третата кора, премачкајте ја со филот.
6.Врз четвртата кора, на едниот крај, ставете го чоколадниот фил.
7.Краевите свиткајте ги за да не истече филот, и корите виткајте ги во форма на ролат.
8.Ролатот префрлете го врз тава за печење и печете го на 200 степени не повеќе од 20 минути.
9.Оставете го добро да се олади, посипете со прав шеќер и сервирајте го. Добар апетит!
- Cuisine: Десерт
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна