Како бескорисноста може да биде тотално кул? Popinator e одговорот на оваа дилема. Од сега кркајте пуканки на многу поинтересeн начин, без користење на раце. Па дали е тоа можно? Секако, екипата на компанијата Popcorn Indiana, направи мала машинка за пуканки која освен што ќе ви ги испече, ќе ви достави пуканка право во ваша уста. Popinator има уред за детекција на гласови, вие треба да речете поп и за која секунда можете да грицнете. Мала опасност е да се засркнете, но како и да е ова е правиот уред за сите мрзливци љубители на пуканки.

Погледнете го видеото и самите ќе се уверите дека ова е еден од најинтересните нови изуми кои можеби нема да го промени светот, но секако ќе стекне голема армија на фанови.