Меки, лесни, слатките, неодоливи и декоративни „Рафаело топчиња“, десерт кој го сменува за миг од вашата трпеза а зад себе остава превкусен спомен… Обожуван е насекаде во светот, па тогаш зашто да не и во вашиот дом?!:) За таа цел, Мигусто подготви рецепт со кој ќе ги изненадите вашите најблиски.
Рафаело топчиња
By December 12, 2012
Published:- Prep: 30 mins
- Cook: 25 mins
- Ready In: 55 mins
Меки, лесни, слатките, неодоливи и декоративни „Рафаело топчиња“, …
Ingredients
- 2 кесички пудинг од ванила
- 500 мл млеко
- 6 лажици шеќер
- 250 г маргарин (омекнат)
- 170 г шеќер во прав
- 150-200 г кокосово брашно
- малку бадеми, лешници
Instructions
1.Во сад, на оган, ставете 400 мл млеко и оставете да зоврие. Пудингот изматете го со 100 мл млеко и 7 лажици шеќер, па додадете го во садот со зовриеното млеко.
2.Мешајте константно се додека не добиете густа смеса. Тргнете го од оган и оставете го пудингот целосно да се олади.
3.Во поголем пластичен сад, изматете го маргаринот со шеќерот во прав. Во смесата додадете околу 150 г кокосово брашно.
4.Додадете го и оладениот пудинг и целата смеса, со миксер, добро мешајте ја се додека целосно не се хомогенизира .
5.Смесата оставете ја во фрижидер барем неколку часа за добро да се олади. Од неа формирајте топчиња, а во средина ставете печен лешник или бадем. Топчето извалкајте го во кокосово брашно.
- Cuisine: Десерт
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна