Сте пробале ли да и дадете малку медитерански шмек на печената кокошка? Сокот од лимон и изобилството од зачини навистина го прават поинакво ова наше (омилено) јадење.
Растурена кокошка
By August 3, 2012
Published:Сте пробале ли да и дадете малку медитерански шмек на печената кокошка? …
Ingredients
- 1 цела кокошка (исечена на парчиња)
- 6 компири (поголеми) исечени на кришки
- 4 супени лажици маслиново масло
- 1 лимон
- 2 кафении лажички оригано
- 2 кафени лажички мајчина душичка
- 2 кафени лажички рузмарин
- 1,5 кафена лажичка сол
- 1 кафена лажичка црн пипер
Instructions
- 1.Исечете ги кокошката и компирите на парчиња. Секое парче убаво намачкајте го со маслиново масло а потоа посипете го од двете страни со предходно измешаните зачини.
2.Наредете ги парчињата месо во тава за печење, околу распоредете го компирот, а потоа се одозгора испрскајте со малку маслиново масло, исецедениот сок од лимонот и со остатокот од зачините.
3.Печете ја кокошката во рерна на 200 степени околу 1,5 час, но превртувајте ги парчињата месо на секои 30 минути.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна