Совршено испечено пиле збогатено со вкусот на коњакот и маслинките. Гарантираме дека оваа комбинација и тоа како ќе ви се допадне.

 

Растурено пиле во тава

By Гастронаутка Published: June 17, 2013

  • Prep: 5 mins
  • Cook: 1 hr 10 mins
  • Ready In: 1 hr 15 mins

Совршено испечено пиле збогатено со вкусот на коњакот и маслинките. …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Загрејте ја рерната на 200 степени. Во подлабоко тавче загрејте малку масло, а потоа запржете ги парчињата од пилето околу 10-15 минути или додека не заруменат од двете страни.
  2. 2.Додадете ги главиците кромид (цели) и пржете се заедно (со постојано мешање) уште неколку минути додека и кромидчињата не фатат боја.
  3. 3.Префрлете го месото и кромидот во подлабоко тавче за печење, а потоа полијте одозгора со коњакот и супата од кокошка. Додадете ги исечканите маслинки и лукот, а потоа испрскајте со црвен пипер, мајчина душичка, оригано, сол и црн пипер.
  4. 4.Поклопете го тавчето или убаво затворете го со алуминиумска фолија, а потоа печете 30 минути. Потоа извадете го капакот или фолијата и печете отворено уште 30 минути, или додека месото не се испече.