Рататуј (фр. Ratatouille) е традиционален француски специјалитет, чие име во превод значи мешана разновидна храна. Рататијот е прав летен ручек, кој во основа е вегетаријански. Но денес, Лилјана, ни подготви поинаква варијанта на Рататуј, овојпат Рататуј со плескави – навистина вкусно…. пробајте и вие..
Рататуј со плескавици
By June 4, 2013
Published:Рататуј (фр. Ratatouille) е традиционален француски специјалитет, чие име во …
Ingredients
- 1-2 помали тиквички
- 1-2 модри патлиџани
- 4-5 домати
- 300 г мелено мешано месо (за плескавици)
- 3 лажици Фант мешавина за подготовка на ќебапчиња и плескавици (за плескавици
- малку зачин по вкус (за плескавици
- малку магдонос (за плескавици
- 1 главица кромид (за сос)
- 4-5 домати (за сос)
- 1 пиперка (за сос)
- 1-2 чешниња лук (за сос)
- 4 лажици масло за готвење (за сос)
- по вкус магданос, малку босилек, бибер (за сос)
- 1 лажичка шеќер (за сос)
- 1 ракатка магданос (за посипување)
- 1 пиперка (за посипување)
- 2-3 чешниња лук (за посипување)
- 3-4 лажици масло за готвење (за посипување)
Instructions
- 1.Најпрвин спремети ги плескавиците: измешајте го месото со зачинките кои сте ги одбрале, ситно сецканиот магданос, веке растворениот Фант мешавината, направете помали но потенки плескавици и лесно запржете ги на малку зејтин. Тргнете ги..
- 2.Тиквичките, модриот и црвениот патлиџан исечете ги на кругови, посолете.
- 3.Во сад на зејтин ставете прво да го пржите ситно сецканиот кромид и лукчето - околу 2 мин. по што ке додадете ситно сецканата пиперка и продолжете да пржите уште 5 минути, по што ке го додадете ренданиот црвен патлиџан, магданосот, босилекот, солта, биберот и шекерот- исто така продолжувајки сето заедно да се пржи уште 5-6 мин. Тргнете од огнот.
- 4.Во садче ставете ги ситно исецканите магданосот, лукчето и пиперката – сето ова залејете го со зејтинот и оставете настрана.
5.Во садот подготвен во кој ке се прави овој Рататуј- прво истурете го сосот, врз него наредете ги исечените на кругови модар и црвен патлиџан и тиквичката, а помегу нив ставајте од плескавиците. Откако сте наредиле- врз нив посипете ја смесата спремана од магданосот и лукот.
6.Ставете во рерната да се печи на 180-200 степени околу 60 мин. Лепчето пред вас… и што да ви кажам, – Пријатен апетит!
7.НАПОМЕНА: Кој сака да е луто…пиперките ги ставаме лути, а некој ако не јаде луто комотно нека си стави благи пиперки. Во сосот кој се спрема како подлога- можете да ставите и 1-2 лажици црно или бело суво вино и 2-3 лажици сос од патлиџан. Тоа останува на вас – а исто така е вкусно.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна