Кога немате многу време за готвење, тестенините се секогаш совршен избор. Брзо и лесно се спремаат, а можете да ги комбинирате како сакате. Нашиот предлог за следниот пат е оваа супер лесна и супер вкусна комбинација со сирење и спанаќ.

Равиоли со спанаќ и сирење

By Гастронаутка Published: February 3, 2014

  • Prep: 5 mins
  • Cook: 50 mins
  • Ready In: 55 mins

Кога немате многу време за готвење, тестенините се секогаш совршен избор. …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Загрејте ја рерната на 200 степени. Во подлабок сад измешајте го доматниот сос, водата и морковот. Истурете тенок слој од сосот на дното на тавчето за печење.
  2. 2.Врз сосот ставете третина од равиолите, половина од спанаќот и половина од белото сирење. Повторете ја постапката уште еднаш и завршете со слој тестенини.
  3. 3.Остатокот од сосот истурете го одозгора и посипете го пармезанот. Затворете го тавчето со алуминиумска фолија и печете околу 35 минути.
  4. 4.Потоа тргнете ја фолијата и печете уште 10-15 минути или додека тестенината сосема не омекне. Добар апетит!