Ако Ви се допаднаа моите честитки Честитки од салфети (decoupage) можеби ќе сакате да им додадете и машнички. Еве како:
- Од разнобојни ленти (од муслин,сатен или некој друг материјал) исечете парчиња со должина од 15-20см.
- Подметнете под себеси 2 пенкала,моливи или некакви цврсти стапчиња (како на сликата) или земете вилушка со 4 боцки и користете ја за да ви биде помагач во изработката.
- Околу нив префрлете ја лентата,прексртете ги двата краја па левиот протнете го одозгора,десниот одоздола и цврсто заврзете ги.Ако користите вилушка,истото ова го правите во средината меѓу боцките.
- Со остри ножички засечете ги косо двата краја.
Едноставно нели? Додека да стекнете малку вештина, Ви советувам да работите со подолги ленти,а кога оваа постапка ќе Ви стане рутинска ќе можете и најкусите лентички да ги претворите во преубави машнички.