Кога ќе се спомене торта, морам да признаам дека веднаш помислувам на Реформ. Вистинска класика и кралица на десертите! Кај нас веќе три генерации се прави (колку што јас знам :)), и се надевам дека оваа традиција ќе продолжи и во иднина. Ако не сте ја пробале, сега навистина е моментот за тоа!
Реформ торта
By February 24, 2014
Published:Кога ќе се спомене торта, морам да признаам дека веднаш помислувам на …
Ingredients
- 12 белки (за корите)
- 12 супени лажици шеќер (за корите)
- 3 супени лажици брашно (за корите)
- 300 г мелени ореви (за корите)
- 12 жолчки (за филот)
- 10 супени лажици шеќер (за филот)
- 250 г путер (за филот)
- 100 г чоколадо за готвење (за филот)
Instructions
1.Загрејте ја рерната на 180 степени. Од 6 белки и 6 лажици шеќер изматете цврсто шне.
2.Во шнето додадете 150 г мелени ореви и 1,5 лажица брашно и нежно, но добро промешајте со лажица.
3.Распоредете ја смесата во тавче за печење (од рерна) врз хартија за печење и ставете ја кората да се пече околу 15-20 минути (проверете со чепкалка да ли е готова).
4.Додека кората е уште топла, внимателно одлепете ја хартијата, исечете ги ивиците и поделете ја на два дела. Претходните чекори повторете ги уште еднаш за да добиете 2 кори. Оставете ги да се оладат убаво.
5.Сите жолчки ставете ги во подлабок сад за матење, и матете со миксер постепено додавајќи 10 лажици шеќер. Кога смесата ќе стане густа и бледожолтеникава, префрлете ја во тенџере и варете ја на пареа околу 17-18 минути со постојано мешање.
6.Настрана изматете го путерот со миксер и додадете го растопеното чоколадо. Убаво промешајте, а потоа додадете го во смесата со жолчки додека е уште топла (но не врела).
7.Оставете го филот малку да се олади, а потоа филувајте ја тортата. Можете врз секоја кора да испрскате малку млеко пред да го ставите филот.
8.Забелешка: Морам да признаам дека мене ми фалеше фил за украсување, па направив уште половина доза. Ако вака ви преостанат белки, можете да ги смрзнете, па да си направите бело колаче (куглоф) :). Нека ви е на здравје!
- Cuisine: Десерт
- Course: Комбинација
- Skill Level: Средна