Сте се запрашале ли зошто кај нас е мода (со децении наназад) да се прават микроскопски кујни во становите? Не дека можеме и вакви да си ги приуштиме (барем повеќето од нас :), нели?), ама просто ми се плаче кога ќе видам некоја кујна од американски тип по филмовиве. Знаете за што зборувам нели? Барем 40 квадрати, со островче во средината, со двокрилен фрижидер и две рерни…. Навистина, навистина ми се плаче.

И бидејќи мојата кујна е ремек дело на принципот на штедење простор, секое милиметарче што можам да го украдам од некаде ми е сон. И токму заради ова просто се зашеметив кога го видов ова ренде што се склопува во мојата омилена продавница (Карес, во случај да сте заборавиле :) ). Па нели е за радување? Старото ренде ми фаќаше простор, а да не спомнувам колку ме нервираше што не можев никако да го поставам таму каде што јас си сакав. И конечно решение и за ова. Сега си имам ново ренде, имам малку слободен простор да си купам и некоја друга играчка (УРАААА!), а сезоната на шопска салата само што не почнала. Што сум јас една среќна коцка :)