Кога станува збор за тестенини во било која варијанта, нема дискусија, сите ги сакаме. Арно ама, она што ја прави посебна секоја тестенина е помалку нејзината форма или тип и сосот со кој се послужува, а многу повеќе аромата на свежо изренданиот кашкавал одозгора. Па уште ако имате и пармезан за рендање (ама од оној убавиот :), е навистина не знам што повеќе би можеле да посакате.

Освен можеби едно вакво ретро ренде за кашкавал, секако :). Е мора да признаете дека е штосно и одлично изгледа, а да не правиме муабет за интересната форма на кашкавалот што се добива, како и за ефектот постигнат со посипување на малку вака изрендан кашкавал врз секоја чинија тестенини. Леле, веќе го почувствував вкусот на тестенините и аромата на кашкавалот ….

Ве оставам драги мои, да си го нарачате ова ренде тука, а јас отидов да приставам некои макарончиња … не можам да се воздржам и тоа ти е!