Мислевте дека знаете се што треба и може да се знае околу нашите традиционални полнети пиперки, мислевте дека сте виделе и сте пробале ама баш се, нели? Знам, знам, бидејќи и јас си мислев така. Се додека не ја здогледав решеткава. И што да ви кажам, си полните пиперчиња (со што сакате) и ги ставате секоја пиперка во една дупка. Решетката потоа на скара или во рерна, и додека вие си уживате, пиперките си се печат – вертикално!

Леле убавини! Е не знам ама баш никој што ги пече полнетите пиперки вертикално поставени! И не ми се веруваше дека одењето на пикник или скара не мора баш да се сведе на ребра, кремендали, плескавици, кобасици… и не можам да прекинам! Замислете пиперчиња полнети со сиренце и свежи зачини запечени на скара! Не сакам ни да замислувам, отидов јас да си потпалам тоа ќумурчето!

Туку, набавете си ја решеткава овде, и изненадете го друштвото на следната собиранка :)