Една година постоење од ресторанот Арабеска е само една од причините за започнување на хуманитарна акција за собирање на средства за Домот за деца без родители „11 октомври“. Следните неколку месеци до Нова Година дел од месечниот промет на ресторанот ќе биде наменет токму за потребите на децата без родители.

„Овој месец е месец на ресторанот Арабеска. Токму поради тоа сакавме да биде посебен. За нашите гости подготвивме изненадување  – клуб картичка за лојалност, подготуваме голема забава по повод нашиот роденден и највaжно од се започнуваме со хуманитарната акција. Може да се каже дека на Скопје пред година дена му недостасуваше вистинско градско сврталиште, а сега по една година повеќе од свесни сме дека Скопјани знаат што е вистински квалитет по пристапни цени на услуга“, изјави Синиша Ивановски.

Со акцијата на Арабеска ќе се отвори можност за донација на средства во Домот за деца без родители „11 октомври“ каде ќе се набават потребни нешта кои ќе го направат повесело секојдневието на овие деца.

„Многу се радувам што за прв пат добивме можност да оствариме соработка со угостителски објект, во случајов – ресторанот Arabesque. На децата од нашиот дом им е добредојдена секаква помош, насмевката кога некој ќе им подаде барем симболичен подарок, е нешто што не се купува со ниту едни пари на светот. Од  Arabesque ни најавија дека нивната помош не завршува овде и дека планираат уште неколку акции кои барем за момент ќе ја вратат насмевката на децата, изјави директорката на Домот Ристенка Атанасова.