Гответе здраво, квалитетно, брзо и вкусно. Силиконските садови на брендот Lekue ви го овозможуваат сево ова. За денес имаме еден одличен рецепт, риба печена во сол кој сигурно ќе ви се допадне.


Состојки:
-300 г риба по ваш избор
-1 кг крупна сол
-лимонова трева (или малку рендана кора од лином и коријандер)

Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Изрендајте кора од лимон и ситно исечкајте коријандер. Кората од линон заедно со исчеканиот зачин измешајте ја со половина од солта.
2. Во силиконскиот сад (Steam Roaster)ставете ја зачинетата сол. Одозгора ставете го парчето риба и покријте ја со останатото количество сол.
3. Затворете го силиконскиот сад и ставете го во рерна на 20 минути.
4. Откако рибата добро ќе се испече, отворете го Steam Roaster-от и почекајте неколку минути рибата да се олади.
5. Потоа остранете ја солта и послужете ја рибата. Добар апетит.

Овој супер модерен и корисен силиконски сад (Steam Roaster) можете да го најдете во продaвницата на Карес.

Погледнeте го видео рецептот: